Протече фотографија на Кејт од младоста, сите се шокирани од нејзината гримаса ФОТО

„Ако ова не ви даде надеж, не знам што ќе ви даде“, пишува во опсиот на фотографијата...

2848

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон (38) изгледаше значително поинаква во младоста отколку сега. Протече фотографија на социјалните мрежи на која сопругата на принцот Вилијам (37) е непрепознатлива.

Имала пократка фризура и позира со смешна гримаса која сигурно никогаш повеќе нема да ја повтори сега кога е дел од кралското семејство.

„Ако ова не ви даде надеж, не знам што ќе ви даде“, пишува во опсиот на фотографијата, што предизвика „куп“ реакции на интернет.

Кејт потекнува од богато семејство, а нејзиниот моден стил значително се променил од порано, па некои ја сметаат денес за модна икона. Таа секогаш беспрекорно изгледа, а стилистите за нејзините стајлинзи имаат највисоки оценки.

Сепак, таа неодамна беше под критики кога таа и нејзиниот сопруг посетија центар за рехабилитација во Велика Британија. Таа ја истакна фигурата со темно сино здолниште и јакна.

Следбениците на социјалните медиуми коментираа дека Кејт е премногу тенка. Тие се исплашени за нејзиното здравје затоа што мислат дека ќе стане анорексична и ѝ порачаа дека сега е „на границата“.

ФОТО: Инстаграм/Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...