На ски-терените на планината Кронплац во Северна Италија, при дирекетн судар на двајца скијачи, загина 49-годишен Словенец. Во несреќата е повреден и 19-годишен Германец, јавија локалните медиуми, а пренесе дописникот на МИА од Љубљана.
Германските и италијанските медиуми објавија дека на настраданиот словенечки скијач, медицинска помош се обидел да му пружи словенечки доктор кој бил во близина.
Италијанските власти веднаш започнаа истрага со цел да се откријат точните причини за несреќата во која смртно страдаше еден човек.