Ванеса Брајант, сопругата на легендарниот НБА кошаркар Коби Брајант се огласи за прв пат по трагичната хеликоптерска несреќа во која загинаа Коби и нивната 13-годишна ќерка Џијана, како и уште седум други лица.
„Девојките и јас сакаме да им се заблагодариме на милионите луѓе кои покажаа поддршка и љубов во ова ужасно време. Ви благодарам за молитвите. Дефинитивно ни се потребни. Ние сме целосно уништени поради ненадејната загуба на мојот прекрасен сопруг Коби – неверојатниот татко на нашите деца; и мојата прекрасна, слатка Џијана – прекрасна ќерка и неверојатна сестра на Наталија, Бјанка и Капри. Ние сме уништени и поради семејствата кои ги загубија своите сакани во неделата и ја делиме нивната тага. Нема зборови со кои може да се опише болката. Ме теши тоа што знам дека Коби и Џиџи знаеја колку беа сакани. Неверојатно сме благословени што ги имавме во нашите животи, би сакала да се со нас засекогаш. Не сум сигурна што носат нашите животи и невозможно е да се замисли животот без нив. Меѓутоа, ќе се будиме секој ден обидувајќи се да живееме затоа што Коби и Џиџи ни го осветлуваат патот. Нашата љубов е бескрајна и не може да се измери“, напиша Ванеса Брајант на својот профил на Инстаграм.
Таа најави дека „Mamba Sports Foundation“ ќе отвори фондација за поддршка на семејствата погодени од трагедијата.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.