Авионот со фудбалерите и стручниот штаб на Саудиска Арабија се запалил денеска при слетувањето на аеродромот во Ростов, каде репрезентацијата ќе го игра следниот натпревар на Мундијалот.
При летот на авионот „ербас“ на „Русиа Ерлајнс“ експедицијата на Саудиска Арабија забележала како гори едното крило на авионот.
Руските медиуми пишуваат дека поради брзата интервенција на противпожната единица и вработените на аеродромите се поминало во најдобар ред.
И од Фудбалската федерација на Саудиска Арабија преку кусо соопштение информираа дека сите нивни членови се е во добра состојба.