Американската тенисерка Серена Вилијамс објави дека се повлекува од „Ролан Гарос“ пред натпреварот од четвртиот круг што требаше да се одигра денеска со Марија Шарапова.
Серена објави дека причините за повлекувањето ќе бидат откриени на прес-конференција.
‘I’ve never felt this in my life… this is so painful!’
Serena Williams explains her withdrawal from the French Open #RG18 pic.twitter.com/HU3vjAMVuO
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) June 4, 2018
– За жал имам некои проблеми со мускулот на мојот грб и за жал состојбата само се влошува. Во овој момент не можам да сервирам и навистина е тешко за мене да играм кога не можам да сервирам. Никогаш не сум почувствувала вакво нешто, толку е болно. Првпат почувствува за време на последниот меч со Гергес, а вчера во игра на двојки се обидов да видам дали има подобрување. За жал тоа не се случи – рече Серена која со оваа одлука ѝ го отвори патот на Шарапова во четвртфиналето на „Ролан Гарос“.
Таа неодамна се врати на теренот по породувањето во септември минатата година. За неа, „Ролан Гарос“ беше првиот Гренд-слем турнир по скоро една година, а на последниот – Австралија опен од минатата сезона, ја освои својата 23-та титула од турнирите од „големата четворка“.
На годинашниот „Ролан Гарос“, Серена загуби само еден сет.
Фото: EPA/ERIK S. LESSER