Ѓумбирот е еден од најпопуларните зачини во светот, особено во Азија. Содржи соединенија наречено гингероли кое поседуваат аналгетски и антиканцерогени својства. Ѓумбирот како додаток во јадењата и пијалаците ја подобрува дигестијата и помага во лекување на настинките.
За имунитет – ако сте склони на настинки и грип, треба редовно да пиете сок од ѓумбир бидејќи тој позитивно дејствува на зајакнување на имунитетот. Пиењето сок од ѓумбир го подобрува ефектот на антибиотиците и ја подобрува циркулацијата.
За превенција од тумори – бројни студии досега потврдија дека ѓумбирот е добар во „борбата“ против туморите, особено туморот на јајчниците.
За болести на цревата – ѓумбирот ги ублажува симптомите на иритабилните црева ако се пие во облик на чај или сок.
Кај Алцхајмеровата болест – истражувањата покажале дека секојдневното консумирање ѓумбир може да го забави изумирањето на мозочните клетки што е главна причина за Алцхајмерова болест.
За апетит – ѓумбирот може да го намали апетитот. Дејствува така што произведува повеќе киселина во желудникот. Исто така, дејствува и како средство за слабеење бидејќи ги согорува маснотиите и дава подолго чувство на ситост.
За изморени мускули – по тренингот е добро да консумирате храна во која ќе додадете ѓумбир. Најдобро дејствува ако го испиете или изедете наутро, пред која било друга храна или пијалак.
За стабилизација на гликозата во крвта – научниците во Австралија откриле дека ѓумбирот ја намалува високата количина на гликоза во крвта. Важно е да знаете колкаво е вашето ниво на гликоза во организмот бидејќи тоа влијае на вашата тежина и нивото на енергија.