Во „градот на духовите“ Чернобил по 33 години накитена божикна елка ФОТО

Некогашните жители на овој напуштен град, пристигнаа да ја накитат елката, а ги предводеше членот на советот на Агенцијата за управување со зоната, Јарослав Јамаљенко.

183

За прв пат од 1986 година, во чернобилскиот град на духови Припјат беше накитена новогодишна елка.

Некогашните жители на овој напуштен град, пристигнаа да ја накитат елката, а ги предводеше членот на советот на Агенцијата за управување со зоната, Јарослав Јамаљенко.

Наместо со вообичаените новогодишни украси, елката беше накитена со фотографии од семејни албуми.

„Животот се враќа во Припјат. Ова станува необично, нестандардно туристичко место“, изјави Јамаљенко кој додаде дека некогаш напуштениот град, денес често го посетуваат туристи од целиот свет.

„Доаѓаат да учат за нашата историја, а тоа стартуваше низа на случувања во светот“, објаснува Јамаљенко.

Тој смета дека за целата област да биде сочувана, потребно е да добие статус на споменик од национално значење, па дури и да се најде на листата на УНЕСКО со светски богатства.

Организаторите на оваа акција велат дека главна цел е да се насочи вниманието на процесот на претворање на зоната во музеј и да се сочуваат објектите во зоната. Сергеј Мирниј, еден од иницијаторите Чернобилската област да се претвори во туристичка зона вели дека елката во Припјат испраќа позитивен знак за целиот свет.

Според него, важно е да е појавуваат знаци на вообичаениот живот во напуштениот град. Еден од таквите „знаци“ е новогодишната елка, нешто што го немало во градот во последните 33 години.

„Во моментите кога целиот западен свет го слави Божиќ, време е да потсетиме дека Припјат, благодарение на туризмот, се најде на културните рути на целото човештво“, изјави Мирниј.

Бројот на туристи на ова подрачје инаку е во значителен пораст, посебно после емитувањето на познатата телевизиска серија на ХБО – Чернобил.

ФОТО: Принтскрин/Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...