СДСМ: Мицкоски отиде во Будимпешта по пратенички листи

467

Извршителот Мицкоски не може да се ослободи од стегите и влијанието на својот ментор од Будимпешта, Никола Груевски, обвини СДСМ во денешното соопштение.

„Мицкоски отиде на нови консултации кај својот ментор во Будимпешта, Никола Груевски, да му даде одобрение за листите за пратеници. Листите за кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се подготвуваат во Будимпешта директно од криминалецот Груевски, Мицкоски е само поштар, што треба да ги донесе. ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ја води Груевски, човекот којшто од Република Северна Македонија направи заробена држава, кој прислушуваше над 20.000 граѓани, кој го зароби судството, монтираше судски процеси и нарачуваше пресуди. Мицкоски е само продолжена рака на бегалецот од правдата Груевски и има задача и да инсталира негови луѓе во Собранието. Граѓаните ја гледаат разликата помеѓу одговорните политики на СДСМ и претседателот Заев што носат напредок, економски развој и интеграција и деструктивното делување на Мицкоски кој го брани криминалот, изолацијата и обновата на режимот. Затоа на 12 април, поразот на извршителот Мицкоски е сигурен“, наведено е во партиското соопштение.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...