Паднал предлог и за прекин на наставата, Владата ќе пресече дали ќе има принуден распуст

1961

На денешната седница на Комисијата за заразни болести и Комисијата за следење и информирање за состојбите со корона вирусот при Министерството за здравство паднал предлог и за времен прекин на наставата во основните, средните училишта и на факултетите, но Владата ќе пресече дали и од кога на принуден распуст ќе бидат учениците, дознава Плусинфо неофицијално.

Владината седница е во тек, а дали ќе биде донесена и оваа мерка за заштита од ширењето на коронавирусот, од кој досега заболеа седуммина граѓани, јавноста ќе дознае денеска во 14 часот, кога прес-конференција ќе одржи министерот за здравство, Венко Филипче.

Во соседството, Албанија вчера ги затвори училиштата до 3. април како превентива од ширењето на коронавирусот, додека во Грција оваа мерка важи само за некои регионални училишта.

МНР предмалку повика граѓаните воопшто да не патуваат во Италија, а препораката важи за целата земја, не само за ризичните региони.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...