Русковска денеска со нови докази против Боки 13 и Јанева

1217

Во Кривичниот суд денеска ќе продолжи обвинителството да ги презентира доказите во случајот „Рекет“ во кој обвинети се бојан Јовановски Боки и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, како и Зоран Милевски Кичеец кој на почетокот на судскиот процес призна вина и е осуден на три години затвор.

На претходното рочиште беа презентирани фактури според кои обвинетиот Јовановски и неговата мајка за три дена на шопинг во Милано потрошиле речиси 150 илјади евра како и пораки што ги разменувал Боки 13 со Фросина Ременски, со сведокот Орце Камчев и наводно со Дејан, син на бизнисменот Панделевски.

Во судницата претходно беа прикажани и фотографии од предмети одземени од домот на Катица Јанева во Скопје и во Гевгелија, во нејзината канцеларија во СЈО, како што се мобилни телефони, лап топ, два надворешни хард диска, десет УСБ-а, фактури и белешки. Биле одземени кожна гарнитура и дрвена маса од домот на Јанева во Скопје и предадени на Агенцијата за управување со одземен имот во Тетово.

На судењето беа прикажани и фотографии од одземениот мебел од домот на Јовановски во Орман, а при претресот на ТВ1 и канцеларијата што ја користел Јовановски се гледа дека биле одземени компјутери и опрема, тефтери, документи и уметнички слики.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...