Славата му годи, ама на пазар повеќе нема намера да оди

Со шеф Никола Мишковски зборувавме во пријатниот амбиент на ресторанот „Камник“ за кој вели дека е негов втор дом. Таму е шеф на кујна речиси цела деценија, а за викенди се релаксира бордајќи во зима, и возејќи скејт во пролет и лето. Популарноста е веќе неколку години дел од неговиот живот, но откако последниот пат кога бил на пазар на секоја тезга му ги полнеле кесите со намирници, си ветил себеси дека ќе пазари само во маркети.

809

Широката јавност го запозна шеф Никола Мишковски преку кулинарското шоу „Брза кујна“ кадешто секојдневно со својот колега Марк Де Јонг прават комплетно мени од неколку состојки за навистина кратко време. Оние пак кои се чести гости во ресторанот и винаријата „Камник“ уживаат веќе 10 години во неговите ексклузивни специјалитети во кои минатата година уживаа и Зоран Заев и неговиот гостин од Грција, Алексис Ципрас.

Вели дека за неговата животна определба да биде готвач е ‘виновна’ неговата мајка која била и негова најголема инспирација за ова што е тој денес.

Целиот текст побарајте го на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...