Суперѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо ќе ја тужи 34-годишната Кетрин Мајорга поради штетите, нанесени од нејзините обвиненија во „Шпигел“ дека тој ја силувал.
Како што е познато, Мајорга изјави пред изданието дека фудбалерот ја силувал во Лас Вегас во 2009 година, по што и платил 375 илјади долари за да си молчи. Таа дури изјави дека откако завршил со неа Португалецот, „паднал на колена и рекол дека 99 отсто е добар човек, но бил предаден од останатиот 1 отсто“.
– Информациите во „Шпигел“ ги кршат личните права на нашиот клиент Кристијано Роналдо на сериозен начин. Ова е неприфатлив одраз на сомневања во сферата на личниот простор. Затоа, би било нелегално да се репродуцираат. Добивме инструкции веднаш да ги преземеме сите постоечки легални мерки против весникот, и да бараме компензација за моралната штета во количество, кое кореспондира на минувањето на границите, што најверојатно е едно од најсериозните прекршувања на личните права во последните години – се вели во изјавата на Кристијан Шертс, адвокатот на фудбалерот.
Во меѓувреме, самиот Роналдо зборуваше за оваа тема за време на неговиот директен пренос на Инстаграм.
– Ова е лага. Таа сака да се прослави на сметка на моето име. Ситуацијата е таква – тоа е дел од мојата работа – прокоментира кратко тој.