Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо изјави дека заслужува да освои уште неколку Златни топки и да биде поуспешен од големиот ривал Меси.
– Меси влезе во историјата на фудбалот. За да бидам погоре од него, треба да имам шест, седум или осум Златни топки. Секако дека би го сакал тоа. Мислам дека го заслужувам. Сигурен сум дека и јас влегов во историјата. Она што го направив и продолжувам да го правам, ме става меѓу најдобрите играчи во историјата на овој спорт – изјави Роналдо.
Португалецот смета дека е број еден.
– Лично, сметам дека сум број еден. За некои фанови, првиот е некој друг, а јас сум на второто место. Не ми пречи. Исто така знам дека сум меѓу најдобрите играчи во историјата на фудбалот – додаде Роналдо.
Двајцата фудбалери до сега имаат освоено по пет „Златни топки“.
ФОТО: EPA / SERENA CAMPANINI