Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, изјави дека Кристијано Роналдо е незадоволен од изборот за најдобар играч и дека самиот донел одлука да не присутвува на свеченото доделување на наградите.
Португалскиот фудбалер ја доби наградата за најубав гол и за најдобар напаѓач, но не му припадна најзначаната наградата за најдобар играч, која ја доби Лука Модриќ.
– По онаква сезона каква што имаше, нормално е Роналдо да биде лут за наградата. Сепак самиот одлучи да не присуствува на свеченоста и тоа треба да се почитува, истакна Алегри.
По доделувањето на наградите на УЕФА во Монте Карло бурно реагираше и менаџерот на Роналдо, Жорж Мендеш, кој одлуката ја нарече срамна.