За прв пат по 2010 година, Кристијано Роналдо нема да игра во полуфиналето на Лигата на шампионите. Неговиот тим Јувентус, синоќа на домашен терен загуби од Ајакс со 2:1 во реванш четвртфиналето и е елиминиран со вкупни 3:2.
Роналдо постигна гол, но тоа се покажа како недоволно за успех на италијанскиот тим.
Претходно, Португалецот не успеа да игра во полуфиналето во 2010 година, кога Реал Мадрид загуби од Олимпик Лион (0:1, 1:1) во осминафиналето на турнирот.
Со Реал Мадрид, Роналдо четири пати ја освои Лигата на шампионите.
ФОТО: EPA / RODRIGO ANTUNES