Фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо пред почетокот на подготвките за нова сезона со семејство се одмара на јахта, а неколку дена поминал во луксузен хотел во јужна Грција.
Според грчките медиуми, Роналдо плаќал за претседателски апартман 9.000 евра за една ноќ, а од него имал одличен поглед на Јонското Море и приватниот базен на располагање.
Португалскиот напаѓач бил толку задоволен од персоналот кој не дозволил папараците да се приближат во близина на хотелот, и им се заблагодарил со 20.000 евра бакшиш.
Роналдо ќе помине уште неколку дена на јахта на француската ривиера, а потоа ќе се врати во Јувентус, кој тргнува на летна турнеја.