Роналдо доби 2 години условнa и казна од 18,8 милиони евра за данок

Шпанските даночни власти го обвинија фудбалерот за затајување данок во вкупна висина од 14,7 милиони евра.

390

Фудбалерот на Реал Мадрид и на португалската репрезентација, Кристијано Роналдо, е осуден на условна казна затвор од две години и ќе плати казна од 18,8 милиони евра поради затајување на данок.

Шпанските даночни власти го обвинија фудбалерот за затајување данок во вкупна висина од 14,7 милиони евра.

Роналдо нема да оди во затвор, доколку не го повтори делото во следните две години.

Тој самиот го признал делото, a неговиот адвокатски тим досега не можеше да постигне спогодба со даночните власти околку висината на обештетувањето кое требаше да го плати кон државата Шпанија.

Пред неколку години и фудбалерот на Барселона, Лионел Меси, во сличен ваков процес мораше да плати казна од 15 милиони евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...