Роналдо го удри синот со пехар (ВИДЕО)

563
ФОТО: Принтскрин

Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо за време на церемонијата на доделување на наградата во Серија А од невнимание го удри својот син Кристијано Роналдо Јуниор со трофејот кој го држеше во раце.

Ова се случи синоќа по натпреварот од 37. коло од шампионатот на Италија, на кој „бјанко-нерите“ одиграа 1:1 со Аталанта.

Јувентус од поодамна стана шампион на Сериа А, осми пат по ред.

Клубот во пресрет на последното коло е убедливо прв со 90 бода.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...