Роналдињо уапсен во Парагвај со лажен пасош

422
ФОТО: EPA / DAI KUROKAWA

Поранешниот бразилски репрезентативец Роналдињо беше уапсен во Парагвај со неговиот брат Роберто, кој му беше агент за време на активната кариера.

Двајцата се приведени за користење лажни пасоши, според кои се идентификувале како Парагвајци. На 39-годишниот поранешен легендарен играч не му е дозволено да го напушти Бразил и неговиот меѓународен пасош беше одземен во јули годинава. заради неплатена казна за еколошки криминал.

Според публикацијата во „Ла Насион“, цитирана од „Гол“, тој и неговиот брат биле на одмор во „Resort Yacht & Golf Club Paraguayo“ и нивното апсење се случило во средата.

Деновиве се очекуваат повеќе детали, но засега е познато дека поранешниот играч на Барселона и Милан билна Парагвај на покана на сопственикот на казиното, Нелсон Белоти.

Роналдињо е Светски шампион за 2002 година со Бразил и освојувач на „Златната топка“ во 2005 година.

Фудбалерот ја прекина својата кариера во 2015 година.

Интересно, и покрај неговата забрана за патување, Роналдињо беше избран за амбасадор за туризам во Бразил.

ФОТО: EPA / DAI KUROKAWA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...