Расиситички навреди кон Френк Кеси на дербито во Милано

188
ФОТО: EPA / MATTEO BAZZI

Фудбалерот на Милан, Франк Кеси бил предмет на расистички навреди од навивачите на Интер во вчерашното „Дерби дела Мадонина“, кое заврши со успех за „нероазурите“ со 3: 2.

„Газета дело Спорт“ пишува дека Африканецот бил навредуван од навивачите на Интер, кои се наоѓаат на „Курва Норд“ на стадионот „Џузепе Меаца“. Авторитетниот италијански весник додава дека ова се случило во текот на првите 15 минути од мечот, што веројатно го дестабилизирало Кеси.

Подоцна полудефанзивецот влезе во расправија со својот соиграч Лукас Билиа на резервната клупа, а двајцата требаше да се извинат јавно за своите постапки пред медиумите по поразот во натпреварот.

Однесувањето на тифозите на Интер не е во согласност со анти-расистичката политика на клубот. По натпреварот со Наполи во декември, на Интер му беше изречена сериозна казна од два натпревари пред празни трибини поради расистички скандирања, упатени кон Калиду Кулибали.

Потоа, од Интер започнаа кампања, чија идеја е сите дабидат обединети, без разлика каква е бојата на нивната кожа.

ФОТО: EPA / MATTEO BAZZI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...