Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова и честита на храброста на Нина Ангеловска да ја прифати понудата за министерка за финансии. Таа осврнувајќи се на интервју на Ангеловска каде таа ја споменува својата мајка како ја советувала да биде ачик, рече:
– Се надевам дека доволно сте ачик и добро забележавте дека економската состојба во земјава не е добра. Вас премиере повеќе ќе ве ценев ако кажевте дека не блеснавме туку треснавме во економијата.
Премиерот Зоран Заев повтори дека параметрите се тие кои кажуваат во кој правец се движи економијата. Тој додадае дека е задоволен од резултатите.