Ден на отворени врати во Гете-Институт Скопје

116

Утре во периодот помеѓу 10 и 15 часот, Гете-Институтот ќе го одржи традиционалниот Ден на отворени врати. Од Гете-Институт ги покануваат сите заинтересирани граѓани, за што најавуваат и богата програма која ќе биде заокружена со доделување на еден бесплатен курс за најсреќниот посетител.

Доколку се интересирате за германскиот јазик и за Германија, посетете го Денот на отворени врати со цел да добиете конкретна претстава за Гете-институт, но и да ги запознаете нивните професори лично, како и преку театар.

Во петте часа програма на настанот, од Гете-Институт најавуваат можност за сите посетители да ги научат првите зборови на германски јазик со учество на пробен час во модерно опремените училници, да ги проверат своите познавања на германскиот јазик, но и да учествуваат на квиз за Германија и за германските пронајдоци и да добијат мали подароци.

За време на овогодинешниот Ден на отворени врати, секој посетител ќе има можност да слуша германска музика и да се информира за актуелните настани и проекти, стипендии, за јазичната соработка за PASCH-училиштата и за културните друштва, како и да ги запознае дигиталните понуди за изучување на германскиот јазик.

Линк до целокупната програма и локацијата на Гете-Институт Скопје: https://www.goethe.de/ins/mk/mk/ver.cfm?fuseaction=events.detail&event_id=21609793&

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...