Рамчиловиќ: Гласавме „за“ со политичка одговорност во судбоносен момент

1184

Наместо да се разбудиме во еден почеток на хаос, Македонија се разбуди со почеток на решавање на кризата“.

Ова за ТВ 21 го изјави Зеќир Рамчиловиќ, еден од осумтемина од ВМРО-ДПМНЕ чии гласови доведоа до двотретинско мнозинство за почеток на процесот на уставните преомени.

„Тоа се вистинските причини за гласањето и нашата одлука е последица на таквите напори донесена без никакви притисоци од било кого, туку како наша слободно изразена волја врз основа на политичката одговорност која ја имавме во овој судбоносен момент за нашата држава. Сето останато се шпекулации и смислени клевети кои нема да поминат несанкционирани“, рече Зеќир Рачмиловиќ.

Пратениците од опозицијата кои гласаа „за“, по предлог на шефот на опозицијата Христијан Мицкоски, беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...