Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос предложи воведување посебна „Златна топка“ само за напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо и напаѓачот на Барселона, Лионел Меси.
– Може да се направи „Златна топка“ одделно за да им се додели на Кристијано и на Меси, во зависност од нивните резултати. И дајте друга „Златна топка“ за која ќе конкурираат сите други. Ќе биде подобро за фудбалот – се пошегува Рамос.
Меси оваа година ја освои 6. „Златна топка“, додека Роналдо, освои пет вакви трофеи.
ФОТО: EPA / JUANJO MARTIN