Секоја чест за одржаната лекција по ракомет на деветкратниот европски шампион од Шпанија и четирикратниот претендент за титулата од Унгарија, напиша Ракометната федерација (РФМ) во честитката до РК Вардар за освоениот трофеј.
„Огромно БРАВО за борбеноста, истрајноста и силниот тимски дух, единството во составот и карактерот!
Нека двапати извојуваниот најпосакуван ракометен трофеј на стариот континент освоен под македонско знаме силно свети како ѕвезда водилка во македонската спортска историја.
Ви посакуваме вашата успешна приказна да продолжи со уште многу високи достигнувања!“, пишува во честитката на РФМ.