Ракометарите на Вардар го победија ППД Загреб во првиот осминафинален меч во Лигата на шампионите со 27-18.
„Црвено-црните“ доминираа во хрватската престолнина со што покажаа дека се на едно ниво повисоко од Загреб.
Варадр водеше од почетокот до крајот.Започна со 3-0, на полувремето беше 14-6, потоа во вториот дел Вардар во одреден момент имаше и плус 11 (26-15) за да заврши 27-18.
Фантастични беа голманот Милосављев со 14 одбрани, Криштопанс и Карачиќ дадоа по 5 погодоци.
Реваншот се игра на 30 март во „Јане Сандански“.