Путин смета оти Меркел направила кардинална грешка, а за Русија вели не е хомофобична

Либералната идеја поаѓа од тоа дека ништо не треба да се направи. Мигрантите можат неказнето да убиваат, силуваат, крадат, само затоа што нивните права мора да ги заштитат. Какви се тоа права? Секое злосторство мора да биде казнето, рече Путин.

1384
ФОТО: EPA / YOAN VALAT / POOL

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека либералните вредности се надминати, бидејќи ги отфрла мнозинството во западните земји.

Путин во интервју за Фајненшл тајмс рече дека германската канцеларка Ангела Меркел направила кардинална грешка со тоа што ја усвои либералната политика кон мигрантите од Блискиот исток.

– Либералната идеја поаѓа од тоа дека ништо не треба да се направи. Мигрантите можат неказнето да убиваат, силуваат, крадат, само затоа што нивните права мора да ги заштитат. Какви се тоа права? Секое злосторство мора да биде казнето – рече Путин.

Тој додаде дека таквите либерални идеи веќе се надминати, бидејќи доаѓаат во конфликт со интересите на голем дел од популацијата.

Рускиот лидер додаде дека Русија не е хомофобична, но дека подготвеноста на Западот да ја прифати хомосексуалноста и незадолжителниот однос кон родовата проблематика е претерана.

– Традиционалните вредности се постабилни и поважни за милиони луѓе од овие либерални идеи, кои, според мене, всушност престануваат да постојат – додаде Путин.

Тој исто така рече дека има впечаток дека либералните кругови сакаат да ги искористат проблемите низ кои минува католичката црква за да ја уништат.

ФОТО: EPA / YOAN VALAT / POOL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...