Путин ги награди руските фудбалери за настапите на Светското првенство

Вашето мото „Играме за вас“, за навивачите, се покажа како поважно од резултатите, рече Путин.

759

Рускиот претседател Владимир Путин на специјална церемонија им додели награди на тренерите и фудбалерите на националниот тим по успешното Светско првенство во 2018 година.

Селекторот Станислав Черчесов го доби орденот „Александар Невски“, а играчите Игор Акинфеев и Сергеј Игнашевич добија почесни ордени. На останатите играчи и тренери им беа доделени благодарници од страна на претседателот.

– На првото светско првенство во Русија. Вие игравте убаво, самоуверено, покажавте сплотеност, упорност и волја, и ја постигнавте целта без да се штедите себе си – рече во својот говор Путин.

Претседателот истакна дека стигнувањето до четвртфиналето е многу важен резултат за рускиот тим.

– Вашето мото „Играме за вас“, за навивачите, се покажа како поважно од резултатите – додаде Путин.

Претседателот ја пофали играта на голманот и капитенот Игор Акинфеев.

Според Путин, со спасените пенали против Шпанија, Акинфеев станал „легенда за рускиот и светскиот фудбал“. Голманот му се заблагодари на Путин за создадената фудбалска инфраструктура во земјата и за неговата доверба во тимот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...