Екипата на Јувентус денеска продолжи со тренинзи по божикниот одмор, а во центарот на вниманието како и секогаш беше Кристијано Роналдо, но овојпат поради фризурата.
Португалската суперѕвезда на тренинг се појави со „пунџа“, дел од косата му беше собрана во мало опавче, и бидејќи првпат Роналдо се појавува со ваков имиџ, тоа не мина незабележано од фоторепортерите и соиграчите.
Кристијано ретко експериментира со косата, а сега реши да си направи мала пунџа, нешто што е карактеристично за Златан Ибрахимовиќ кој ќе игра за Милан, па можеби ова е некаква скриена порака до Швеѓанецот.