Претепан геј пар откако одбил да се бакне за да забавува мажи (ФОТО)

4722
ФОТО: Метро

Страшни фотографии се прикажани од стјуардеса и нејзината девојка во крв откако повеќе мажи ги нападнале бидејќи не сакале да се бакнат за нивни ќеф, пренесува „Метро“.

Навидум хомофобичниот напад се случил во автобус во Лондон, кога парот се враќал дома од вечерна прошетка минатиот месец.

Дваесет и осумгодишната Меланија опишала дека млади мажи забележале дека тие се двојка, па почнале да бараат да се бакнат пред нив додека правеле сексуални гестови.

– Сакаа да се бакниме додека гледаат во нас. Се обидов да ја смирам ситуацијата бидејќи не сум личност што сака конфликти, им кажав да не остават на мир бидејќи Крис не се чувствува добро – рекла Меланија.

Мажите, на возраст од 20 до 30 години, почнале да фрлаат со разни работи кон нив, а Меланија и нејзината девојка повторно побарале да бидат оставени на мир.

– Следно на што се сеќавам е како тие се помеѓу Крис и ја тепаат. Не размислив и се обидов да ја одбранам, па почнаа да ме тепаат и мене. Не знам ни дали ја изгубив свеста. Почувствував крв, крв имаше на мојата облека и на подот. Се симнавме од вториот кат на автобусот, а таму имаше полиција – раскажала таа.

Напаѓачите не само што ги нападнале, ами и ги ограбиле.

Меланија се преселила во Велика Британија во февруари и тврди дека се чувствувала сигурно како геј жена во Лондон, па затоа била шокирана од нападот.

– Изморена сум од тоа да бидам гледана како сексуален објект, од тоа да слушам дека овие ситуации се чести, мои геј пријатели да бидат тепани без причина – додала Меланија.

Полицијата потврдила дека е покрената истрага за нападот.

ФОТО: Метро

ФОТО: Метро

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...