Јаболков оцет за слабеење, дијабетес, намалување на притисокот, холестеролот,…

Заговорниците на алкалната теорија веруваат дека исхраната богата со кисела храна води до недостаток на енергија, инфекции, немир, раздразливост, главоболки воспаление на грлото, носот и синусите, алергиски реакции и ги прави луѓето склони кон артритис и гихт. Некои заговорници на јаболковиот оцет веруваат дека тој ја враќа рамнотежата. Ова сѐ уште не е докажано.

3241

Иако другите видови оцет какви што се белиот оцет, балсамико оцетот и црвениот вински оцет, се користат главно во кулинарството, јаболковиот оцет се користи пред сѐ, во здравствени цели. Хипократ рекол дека го користеле како лековит тоник, а американскте војници го користеле за борба против лошото варење, воспаление на белите дробови и скорбут.

Во 1958.година доктор Џарвис објавува кнга во која го препорачува јаболковиот оцет како лек за сѐ, објаснувајќи дека е необично богат со калиум (во споредба со другите извори на храна. Тој тврдл дека мешањето на јаболков оцет со мед може да ги уништ штетните бактерии во системот за варење и го препорачува како тоник за породбрување на варењето кој се консумира со оброците.

Кога се користи?

Дијабетес

Можеби најинтересен аспект на јаболковиот оцет е можната здравствена корист врз нивото на глукоза во крвта. Неколку помали студии сугерираат дека оцетот може да помогне во намалувањето на нивото на глукоза во крвта.

Прелиминарните студии на истражувачите од Универзитетот во Аризона се објавени во списанието Diabetes Care, а вршени се со испитаници со дијабетес тип 2. Истражувачите откриле дека земањето две лажици јаболков оцет пред спиење има поволно влијание на нивото на глукоза во крвта наутро.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...