Прекинат мандатот на обвинителите во СЈО, Фетаи и Ристоска ќе работат во ОЈО Скопје

3157

Советот на јавни обвинители денеска го констатира прекинувањето на мандатот на обвинителите од Специјалното јавно обвинителство, откако во саботата беше разрешена нивната шефица Катица Јанева.

Претседателот на Советот, Ацо Колевски, по седницата изјави дека досегашните обвинители на СЈО треба да се вратат во нивните матични јавни обвинителства каде работните места им беа во мирување.

Тимот на Јанева, избран во октомври 2015 година, го сочинуваа обвинителите Лиле Стефанова, Фатиме Фетаи, Ленче Ристоска, Артан Ајро, Бурим Рустеми, Гаврил Бубевски, Љубомир Лапе, Стефчо Донев, Трајче Пеливанов и Елизабета Јософовска. На почетокот на 2016 година, иако првично избрано, Јанева побара да бидат отстранети обвинителките Марија Ѓоргева и Лејла Кадриу.

Сега, Ленче Ристовска, Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски, Трајче Пеливанов и Артан Ајро во ОЈО Скопје, а останатите во обвинителствата од внатрешноста. Бурим Рустеми, пак, ќе биде обвинител во ОЈО Куманово, Елизабета Јосифовска во Гостивар, Љубомир Лапе во Куманово, а Стевно Донев во Кочани. Лиле Стефанова, се враќа во Радовиш бидејќи ѝ истекол мандатот во ОЈО за гонење организиран криминал и корупција.

Во саботата, по едногласната одлука на Собранието, Советот ја разреши и специјалната јавна обвинителка која е во притвор за случајот „Рекет“.

Предметите на СЈО ги презеде Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески најави дека постапувањето по предметите на СЈО ќе продолжи, но оти се уште не е утврено кој ќе ги застапува.

Јовески може да им ги додели предметите и на обвинителите од СЈО кои и досега ги водеа.

Од предметите за кои СЈО покрена над 20 обвиненија, само три се целосно затворени, неколку се вратени на повторно судење или се чека изјаснување на Апелациониот суд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...