Прво плати алиментација, па гледај натпревар во Аргентина

„Обвинетиот, г. Хуго Федерико Суарез, …Не смее да присуствува на натпреварите на Бока Јуниорс, сè дури тој не ја плати целата сума на заостанатите долгови“, се вели во официјалното соопштение од судот, објавено и од Аргентинската фудбалска федерација.

211

Судија од пoкраината Салта во северозападна Аргентина му забрани на еден навивач на Бока Јуниорс да оди на натпревари на неговиот омилен клуб сè додека не ги плати заостанатите алиментации на неговата поранешна сопруга.

„Обвинетиот, г. Хуго Федерико Суарез, …Не смее да присуствува на натпреварите на Бока Јуниорс, сè дури тој не ја плати целата сума на заостанатите долгови“, се вели во официјалното соопштение од судот, објавено и од Аргентинската фудбалска федерација.

Обвинетиот не плаќал алиментација цела измината година, што ја натера неговата поранешна сопруга да покрене тужба, изјави Силвина Карер, адвокатка вклучена во спорот.

– Ова е прва ваква мерка за човек, еден од мнозината коишто не се ни свесни дека децата треба да им бидат пред сè друго, додаде таа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...