Познатиот тенисер Рафаел Надал и Марија Франциска Перељо сега се официјално брачен пар. Тие двајца својата 14-годишна врска ја крунисаа со брак на имотот Ла Фортелеза на Мајорка, а судбоносното „да“ го изговорија околу 14 часот во саботата, додека многу детали строго се држат во тајност.
Со оглед на тоа дека Надал и Марија ги замолиле гостите да ја испочитуваат нивната приватност, никој од присутните пред свадбата не бил расположен да зборува за јавноста, затоа многу медиуми останале ускратени за пикантерии и детали поврзани со најубавиот ден во животот на славниот тенисер и неговата избраничка.
Меѓутоа, славната дизајнерка Роза Клара, која ја дизајнирала венчаницата за Марија, проговорила за, како што вели, прекрасната соработка која ја остварила со оваа скромна убавица.
ФОТО: Скриншот/Јутјуб