СДСМ и Беса попладнево на првата прес-конференција на македонски и на албанска јазик,истакнаа дека се прават изборните листи и се разгледува потесниот круг на кандидатите кои ќе се најдат на нив.
На прес-конференцијата генералните секретари на двете партии, Љупчо Николовски и Аријанит Хоџа, рекоа дека претендираат најмногу гласови да освојат во шестата изборна единица и дека ќе се обидат да го обезбедат потребниот легитимитет на гласачите Македонци и Албанци.
Сепак, бројот на кандидати кои ќе ги добие Беса ќе се знаат по Конгресот на СДСМ в понеделник.
– Со чесна и одговорна понуда победничката коалиција на СДСМ и БЕСА претендира да освои најмногу мандати во шестата изборна единица, што е генерално мерило за легитимитетот пренесен од гласачите Албанци. Но за очекување е дека оваа коалиција ќе победи во сите останати пет изборна единица – рече Николовски, истакнувајќи дека се задоволни како досега тече соработката во оваа коалиција.
Двете партии рекоа дека гарантираат места за останатите коалициски партнери.