Почитувани пациенти, ние сме со вас, порачаа лекарите од протестот (ФОТО)

494

Со транспаренти и во голем број лекарите денеска излегоа во кругот на Клиничкиот центар на протест против насилството врз нив од страна на пациенти и нивни роднини.

„Почитувани пациенти, ние сме со вас“, им порачаа лекарите на пациентите.  Синдикатот на клиничкиот центар, пак, го повика министерот за здравство да не го игнорира.

Протестот ќе трае половина час до 11.30 часот, по што лекарите ќе се вратат на своите работни места.

Протестот се организира по серијата насилства врз лекари и медицински персонал, а министерот за здравство Венко Филипче најави дека ќе го поддржи со своето присуство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...