Професорско обраќање: Не примам ургенции и мито, не ме интересира чии ќерки и синови сте…

Не примам ургенции, не примам мито, не ме интересира чии ќерки и синови сте. Ќе положите само ако освоите најмалку 51 поен. Во оваа августовско-септемвриска сесија ќе кажам дека имаше три обиди за ургенции. Сите три студентки не положија и веројатно разбраа дека така не може, вели проф.д-р Владимир Трајковски во обраќањето до своите студенти.

801

Деновиве на професорскиот блог на професор д-р Владимир Трајковски од Институтот за дефектологија на Филозофскиот факултет при УКИМ, беше објавено едно интересно и искрено обраќање до неговите студенти. Тука објавуваме дел од него, а интегралното обраќање можете да го прочитате ТУКА.

Почитувани студенти,

Покрај тоа што знаете дека не прифаќам ургенции и тоа го повторувам почесто пати, повторно ќе се најде некој/а што сака да „притиска, да ми ги тестира пријателствата, да пробува без знаење да положи испит.

Иако општествено политичката состојба во државата не е на високо ниво. Имено има многу корупција, непотизам, привилегии и слично, сепак треба да сфатите дека јас не сум тој калибар на човек. Не примам ургенции, не примам мито, не ме интересира чии ќерки и синови сте. Ќе положите само ако освоите најмалку 51 поен. Не сакав минативе денови да пишувам, но еве откако заврши оваа августовско-септемвриска сесија ќе кажам дека имаше три обиди за ургенции (2 од психологија и 1 од дефектологија).

Сите три студентки не положија и веројатно разбраа дека така не може. Дали треба да ги објавувам јавно нивните имиња, па бруката да им биде голема?

Целото обра

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...