По кусо боледување, денеска во Скопје на 70 годишна возраст почина големиот пријател и помагател на македонскиот спорт Слободан Вујчиќ-Брацо.
Брацо беше долгогодишен спонзор на ФК Вардар во чие време се одиграа и незборавните средби со ЦСКА од Москва и Спарта од Прага и Рома.. Во време кога ги спонзорираше ФК Работнички и ФК Тетекс овие екипи играа значајна улога во македонскиот клупски фудбал.
Тој финансиски ги помагаше и ФК Македонија ЃП, ФК Слога Југомагнат, ФК Победа, ФК Борец од Велес, ФК Еуромилк, ФК Локомотива и многу други.
Забележлива беше неговата помош и во ракометниот и одбојкарскиот клуб Вардар. Од првиот натпревар на фудбалската репрезентација на Македонија во Крањ 1993 година ги застапуваше маркетиншките и телевизиските права, а 2004 година ја донираше целокупната опрема на македонските олимпијци на игрите во Атина 2004 година.
Беше голем хуманитарец, носител е на наградата „Мајка Тереза“, Скопје и Македонија ги чувствуваше како своја втора татковина.