Почина поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак

189

Поранешниот долгогодишен египетски претседател Хосни Мубарак денеска почина на 91-годишна возраст, пренесе ДПА.

Мубарак беше политичар и поранешен претседател на Република Египет во периодот од 1981 до 2011 година.
Тој беше соборен од власта во протестите на арапската пролет, а подоцна и осуден на затворска казна. Но, по воениот преврат и доаѓањето на власт на актуелниот претседател Абдел Фатех Ал Сиси, инаку поранешен генерал и командант на египетската армија, Мубарак беше ослободен од затвор.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...