Зетот на Минчо, Горан Мауровски стана в.д. генерален директор на „Бетон“ Скопје

Тој лани го доби и престижното признание Business Elite’s „40 under 40“ како еден од најуспешните 40 млади бизнис лидери од Југоисточна Европа кои се приклучуваат на глобалната бизнис елита.

1564

Горан Мауровски е назначен за в.д. генерален директор на „Бетон“ Скопје и извршен член на Одборот на директори, соопшти компанијата на сајтот на Македонска берза.

Мауровски досега беше директор на Секторот за контрола и известувања. Тој инаку е зет на најголемиот акционер на „Бетон“ Минчо Јорданов и лани дојде во компанијата.

Според она што е познато за него, Мауровски кој има 34 години е основач и сопственик на три компании кои работат во областите градежништвото, производство и трговија.

Од почетокот на 2016 година беше член на Надзорниот одбор на ФАКОМ, која е дел од фирмите на Јорданов.

Тој лани го доби и престижното признание Business Elite’s „40 under 40“ како еден од најуспешните 40 млади бизнис лидери од Југоисточна Европа кои се приклучуваат на глобалната бизнис елита.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...