Потпретседателот на ФИФА и претседател на Африканската фудбалска конфедерација (ЦАФ) Ахмад Ахмад е приведен денеска во Париз, под обвинение за корупција и сексуално вознемирување.
ФИФА во своето соопштени го потврди приведувањето на нејзиниот потпретседател од страна на француските власти, но истакнуваат дека тој бил испрашуван за наводи во врска со неговиот мандат како претседател на ЦАФ.
Во медиумите веќе кружи веста дека обвиненијата за корупција и финансиски малверзации се поднесени од генералниот секретар на африканската фудбалска конфедерација Амар Фахми, кој после тоа беше разрешен.
Само еден по изборот на Џани Инфантино за старо-нов претседател на ФИФА, кога изјави дека во ФИФА веќе не се зборува за корупциски скандали и дека тие се минато, еден од неговите најблиски соработници мораше да оди на испрашување во полиција поради обвиненија за корупција, злоупотреба на службена должност, па дури и за сексуално вознемирување