Поранешниот Ф1 шампион 17 часа заглавен во пустина

596

Џенсон Батон открива дека поминал 17 часа заглавен во пустина откако неговиот автомобил откажал при Баха 1000 трката во Мекиско.

Поранешниот Ф1 шампион првпат учествуваше во оф-роуд авантурата од 1000 километри на полуостровот Баха Калифорнија, но работите не одеа според планот.

– Се вративме од Баха 1000 со приказна за раскажување, но не таа која беше посакувана. Започна одлично, поминавме пет камиони кои уште возеа и потоа уште седум-осум скршени или заглавени, најдовме добар ритам, но по 235 милји мојот со-возач Тери Маден забележа дека имаме скршен диференцијал. Заглавивме на најлошото можно место и ја поминавме цела ноќ таму со вкупно 17 часа – открива Батон.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...