Погледнете како возачите му оддадоа почит на колегата кој почина среде трка во Кичево (ВИДЕО)

9124

Во чест на вчера починатиот колега возач во Кичево, кој доживеа срцев удар со смртни последици зад воланот во квалификациите на третата трка од календарот на кружни патеки во рамките на „Твинго Куп“, сите возачи учесници на трките во сите категории викендов во Кичево, му оддадоа почит со едноминутно молчење и со заедничко турирање на возилата.

Александар Ковачески почина на вчерашните квалификации за третата трка од календарот на кружни патеки во Кичево, почина еден од автомобилистите кои се бореа за подобра стартна позиција.

– Александар Кочевски ја загубил контролата на возилото и бавно завршил во зелениот простор околу патеката. Нашата екипа и судиите, заедно со медицинскиот тим, веднаш пристигнаа на лице место, Кочевски беше итно префрлен во Ургентниот центар во Кичево, каде по долга борба на целокупниот медицински персонал за негово реанимирање, беше констатирана неговата смрт – соопшти АКК Кастм Кар Рејсинг Рено Спорт и изрази сочувство на семејството и пријателите на починатиот возач.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...