Повредениот во сообраќајката во Велес има полесни повреди

294

Повредениот во сообраќајката што попладнево се случи во Велес се здобил со лесни повреди. Укажана му е лекарска помош во Општата болница во Велес.

Како што информираа од Службата за итна медицинска помош при Здравствениот дом во Велес, станува збор за 50-годишен маж кој се здобил со посекотина на фронталната коска над десното око.

Собраќајната незгода се случи во 14.40 часот кај Трговскиот центар меѓу автомобил и мопед при што повреден е возачот на мопедот.

– Полицијата ги утврдила причините за сообраќајката незгода, информира портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...