Повеќе од 1.000 словенечки навивачи ќе дојдат во Скопје

349

Повеќе од илјада навивачи купиле билети и ќе ја бодрат словенечката фудбалска репрезентација на гостувањето во Скопје в четврток, најавуваат медиумите во оваа земја.

Со ваква поддршка, Словенците покажуваат дека дуелот со избраниците на Игор Ангеловски им е многу важен.

Селекцијата на Словенија вечерва одржува тренинг во Љубљана, а утре треба да пристигне во нашиот главен град каде в четврток ќе се игра дуелот од квалификациите за ЕП 2020.

Селекторот Матјаж Кек рече дека во Скопје одат на победа, со што би се одмаздиле за нерешениот резултат во Љубљана кој го сметаат за неуспех. После гостувањето на „Тодор Проески“ арената, Словенците ќе играат дома против Австрија, во уште еден важен меч за нив.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...