
Дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике смета дека неговиот клуб е под поголем притисок од кој било друг.
Шпанецот го изјави ова на прес-конференција за време на турнејата во Соединетите Американски Држави.
– Ниту еден клуб во светот не игра под ист притисок како Барселона. Ако не освоивме многу трофеи, луѓето мислат дека имаме лоша сезона – рече Пике.
Каталонците се бранители на трофејот во шпанската Примера, а во новата сезона ќе влезат со големи амбиции да ја освојат Лигата на шампионите.
ФОТО: EPA / Alejandro Garcia