Петмината од општина Карпош што признаа вина за градење на диво добија условна казна

899

Петте службени лица од Општина Карпош кои на средината на декември признаа вина за бесправно градење како извршители на обвинетиот поранешен градоначалник Стевчо Јакимовски, добија условни казни, пишува порталот сдк. 

На предлог на Обвинителството за организиран криминал и корупција, добија услови затворски казни по 1 година, ако во наредните две години го повторат кривичното дело.

Јакимовски останува во обвинението, тој ќе чека судење во постапка во која пола од неговите обвинети соработници си признаа дека со своите постапки заедно со Јакимовски го оштетиле буџетот за 616.000 евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...