Избори и кревка демократија

Дали политичарите ги отфрлаат правилата на демократската игра, на пример, со напад на легитимитетот на изборната победа на својот противник? Или со негирање на лигитиметот на своите ривали? Дали го толерираат насилството во политиката, или пак се закануваат со ограничување на слободата на своите политички противници, а можеби и на медиумите?

266

„Подобро е да се изгубат изборите, отколку да се изгуби демократијата“.

Ова, во својата книга „Како умираат демократиите“, го констатираат професотите на Харвардскиот универзитет Левицки и Зиблат, опишувајќи на каков начин заканите против демократијата ширум светот се променети. Авторитарни лидери и движења денес не треба повеќе да испраќаат тенкови на улиците за да ја задушат демократијата. Наместо тоа, демократијата се поткопува со контаминирање на просторот на јавната дебата и постепено демонтирање на контролните механизми на демократските институции. 

 

Најважниот совет на Левицки и Зиблат е дека оние што се залагаат за одбрана на демократијата никогаш не треба да соработуваат со авторитарни сили. Но развојот во голем број земји, кои веќе долго време се сметаат за стабилни демократии, покажува дека етаблираните државотворни партии постепено ја губат контролата настојувајќи да ја повратат силата на сопствените загубени позиции со преземање на иницијативата во јавната дебата која во последните години ја наметнаа десничарско популистичките партии. Дебата во која се заговара акнење на националниот идентитет, ограничување на миграциите и зацврснување на нормите околу традиционалните вредности. 

 

Една од клучните поенти во студијата „Како умираат демократиите“ е дека екстремната поларизација во јавноста, која всушност го означи развојот во глобални рамки во последните години, би можела да го отвори патот за пропаст на демократијата. Подготвеноста за  компромис, со ставање на демократските темелни вредности во преден план, наместо краткорочните политички добивки, сега се претвора во егзистенцијална драма при што толеранцијата и трпението се замнуваат со нови форми на политичко однесување во една сè понесигурна и понепредвидлива политичка рамка. 

 

Дали на преминот кон новата година и понатаму остануваат актуелни прашањата околу опасностите поврзани со натамошно поткопување на демократиите и замена на прогресивните вредности со реакционерни. 

 

Одговорот е нејасен, колку што е нејасно и кому му припаѓа иднината – на десницата или на левицата? Примерот со шведските социјалдемократи, кои сè уште успеваат да ја задржат својата владејачка позиција, доволно јасно зборува за тоа. Во последните десетина години силната шведска социјалдемократска партија, обидувајќи се целосно да ги игнорира екстремните десничари, го потроши речиси целиот свој историски кредит и сега се соочува со заканата екстремно-десничарските Шведски демократи да ги претркаат во борбата за освојување на симпатии меѓу избирачите и да станат најголема партија во Шведскиот парламент-Риксдаг. 

 

Бранот на глобализацијата, кој во изминатите децении ја заплиснуваше политиката, се чини сега се заменува со нов бран во кој доминантна сила станува национализмот. А во таа смисла главната опасност е пред сè кршењето и непочитување на востановените правила и принципи.

 

Дали политичарите ги отфрлаат правилата на демократската игра, на пример, со напад на легитимитетот на изборната победа на својот противник? Или со негирање на лигитиметот на своите ривали? Дали го толерираат насилството во политиката, или пак се закануваат со ограничување на слободата на своите политички противници, а можеби и на медиумите? 

 

Според двајцата харвардски професори, јасно е кој ги исполнува сите овие услови. Доналд Трамп недвосмислено најавуваше дека нема да ја прифати победата на Хилари Клинтон. Како претседател тој постојано ги демонизира своите противници, ја охрабрува бруталноста во однос на своите критичари, при што Левицки и Зиблат со право инсистираат на тоа дека Трамп не е осамен демагог кој се појавил од никаде и сосема неочекувано. Трамп е резултат на културата на „екстремна поларизација“ во опкружување во кое нормативните „браници“ на демократијата првин се разнишуваат, а потоа и кршат. 

 

Однеувањето на клучните политички актери да не го признаваат лигитимитетот на други учесници во изборниот натпревар за освојување на власта, преку релативизирање на уставните и законски одредби, доби јасна потврда и по парламентарните избори во Македонија. Поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов со месеци наоѓаше изговри и свои толкувања за да не го даде мандатот за формирање на нова Влада, и покрај јасно изразената волја за формиррање на легално парламентарно мнозинство во Собранието. 

 

Забрзаното кородирање на демократијата не може да биде спречено доколку постигнатото ниво на демократскиот дух на општетството слабее и исчезнува, тонејќи во спиралата на драматичната поделност во јавноста. 

 

Независниот судски ситем е всушност единствената гаранција што ја имаат граѓаните, како независен столб што ги заштитува човековите права, во случај кога власта ја приграбува популистичка или авторитарна сила. Демократијата, освен како систем на слободни избори, редовни или предверемени – за избор на носители на власта, може да се дефинира и на поинаков начин. Демократијата во основа е институционализација на конфликтите и заштита на правата и интересите на малциснките групи. Тука е и големата разлика меѓу тоталитарните режими и демократијата. 

 

Демократијата без независно судство е тешко остварлива. Без слободни, независни и неутрални институции, во кои не се гледа низ партиско-политичка диоптрија, исходот на парламентарните избори води кон формална, а не вистинска демократија. Натегањата и острите спротивставувања меѓу власата и опозицијата во Македонија околу донесувањето на Законот за Јавно обвинителство не случајно се доведува во врска со напорите да се заштитат нечии партиски и сомнителни елитистички интереси во општетството, во кое сите сакаат да остават впечаток дека погледите ги насочуваат кон европските вредности и кон ЕУ. 

 

Но борбата за независно судство не треба да се засилува само затоа што се сака членство во ЕУ, и без оглед дека тоа впрочем е и еден од основните критериуми од Копенхаген. Тоа, пред сè, е важно за демократијата, без оглед дали членството во Унијата ќе стане реалност или не. Секој граѓанин одделно треба да се заложи и да се бори за независно судство, поради заштитата на сопствените права. 

 

Изборите, и подигнувањето на свеста околу нивното значење, – вон кулисите покриени со популистичка магла – се секогаш важен чекор во таа насока. Па дури и доколку во такавата густа магла не се забележува доволно дека демократијата се ниша на стаклени нозе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...