Пепе ќе избира меѓу четири тима за 80 милиони евра

573
EPA/ FILIPE FARINHA

Италијанскиот клуб Наполи јавно потврди дека е заинтересиран да го донесе фудбалерот на Лил, Николас Пепе во своите редови.

– Очигледно е дека сме заинтересиран за Пепе. Неговите менаџери се тука и нема потреба за криење. Преговорите се во тек и ќе видиме што ќе се случи – изјави тренерот на Наполи, Карло Анчелот.

Меѓутоа за играчот од Брегот на Слоновата Коска заинтересирани се уште три други големи европски клубови кои се подготвени да платат 80 милиони евра за 24-годишниот играч. Станува збор за Манчестер Јунајтед, Ливерпул и ПСЖ, а тоа го потврди и самиот претседател на Лил, Жерард Лопез.

– Примивме понуди од четири големи клубови од кои сме задоволни, вклучувајќи го и Наполи. Сепак, Пепе одлучува каде сака да оди – изјави Лопез.

Пепе, минатата сезона постигна 22 гола во француското првенство па е на второто место на стрелци по Мбапе кој имаше 33 постигнати голови, а моменталната вредност на пазарот на трансфери му изнесува 65 милиони евра.

Фото: EPA/FILIPE FARINHA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...