Пендаровски утре во официјална посета на Албанија

55

Претседателот Стево Пендаровски утре ќе престојува во официјална посета на Република Албанија. Тоа е прва официјална посета на претседателот Пендаровски на Албанија.

Пендаровски во Тирана ќе се обрати на Мировниот самит на Југоисточна Европа во организација на Универзалната Федерација за мир.

Предвидено е претседателот Пендаровски да се сретне со албанскиот претседател Илир Мета и со премиерот Еди Рама, како и со претседателот на албанското Собрание, Грамоз Ручи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...